ВИ НУДИМЕ
ЌОШЕ
ЗА БУДЕЊЕ НА
ВАШИОТ ДУХ!

Креиравме Ќоше во кое ќе биде собрано сиот Струмички дух, ведрина, љубов. Ќошето ќе биде во служба на дневните рутини, брзање и трка со времето.

Ќе нуди егзотичен мирис на нотите на кафето, чај, свежи печива, смути, а сето тоа како симбиоза со пријатната насмевка и љубезност на дечкото/девојката од Ќошето и пријатната музика.

ЌОШЕ
ПРЕПОРАЧУВА
КАФЕ СО TWIX ЧОКОЛАДО

Еспресо Julius Meinl / Млеко / Ванила / Шлаг пена / Чоколаден прелив / Twix

За сите љубители на кафето и чоколадото, сега имате можност да уживате во вкусна комбинација од овие две состојки.

ЌОШЕ
ПРЕПОРАЧУВА
МИЛКШЕЈК ОД ЈАГОДА

Сладолед од јагода / Јагоди / Несквик / Шлаг пена

Доколку сакате подобро расположение, тогаш сигурно влијание ќе има овој феноменален милкшејк. Освежителен милкшејк од јагоди во кој сигурно ќе уживате и ќе ве освежи.

ЌОШЕ
ПРЕПОРАЧУВА
МАГИЧНО ЈАБОЛКО

Сладолед од ванила / Јаболко / Карамела / Шлаг пена

Осетете ја магијата на оваа волшебна комбинација. Засладете се со шлаг пената и сладоледот со вкус на ванила, надополнет со парчиња сочно јаболко и неодолива карамела.

НУДИМЕ КРАТОК
МОМЕНТ НА
МИР И РЕЛАКСАЦИЈА

…Остроумните кафе зависници знаат што е одлично подготвено кафе.
Ќоше е решено да стане место кое Струмичани никако нема да го одминат без да дегустираат барем еден од неговите производи!

КРЕМАСТ
СЛАДОЛЕД
ВО НАШЕТО 
ЌОШЕ

Креирајте летни спомени придружени со нашите овошни и чоколадни млечни сладоледи. Слатко задоволство со состојки кои примамуват погледи. ЌОШЕ разладувачки сладолед, богат со чоколадо, се топи во уста, додека се мешаат  вкусовите!!! Најдобриот во градот создаден за овие летни горештини.

НАШАТА ПРИКАЗНА
ЅИРНЕТЕ ВО
ИСТОРИЈАТА НА
КАФЕТО

Од идеја до реализација има многу за работа. Но кога една Струмичанка ќе реши да го разубави животот на Струмичани и да им го олесни секојдневието, тоа и го прави!

Сосема професионално пристапивме кон идејата и направивме истражување за потребата од кафето. Замислете- Струмичани пијат кафе најмалку 3 пати во денот! Позади секој успешен Струмичанец, е доволна количина на кафе!

Се повеќе ние Струмичани сме мобилни и зафатени. Брзо шетајќи низ градот сакаме да грабнеме едно кафенце кое ќе биде со врвен квалитет, а сепак пристапна цена. !

ВАШЕТО ОМИЛЕНО
ЌОШЕ

Ќоше е создадено за локалните зависници од кафе, кои наместо да сонуваат пријатно ќоше во секое годишно време каде ќе го пијат своето кафе или омилен колач, тие ќе го имаат токму тука, блиску до сите, на Ќоше!

Топлиот и уникатен амбиент со кој располага нашето Ќоше ќе биде врежан во секојдневнието на Струмичани. Тоа е идниот ваш омилен дел од градот, а ќе го поседува вашиот омилен пијалок и храна. Убавите денови започнуваат со добро кафе и музика, зарем не?

Визија
Да креираме Ќоше кое ќе служи како ублажувач на стресот на нашите клиенти, а во исто време ќе ги задоволува потребите за квалитетно подготвено кафе и дневен мир и кратко бегање од рутината. Воедно Ќоше сака да ги обедини луѓето со различни погледи преку нивната заедничка добро утврдена навика - пиењето кафе. А кога сме кај кафето, крвната група на Струмичани е сигурно кафе!
Мисија
Ќоше е посветено да им овозможи на своите Струмичани искуство кое ќе ја допре нивната душа преку постојано стремење кон одличност на своите продукти и возбудлива атмосфера. Тежнееме да бидеме каде и да сте вие. Да ве служиме со широка палета од кафени напитоци во релаксирана и погодна атмосфера. Ние ќе им помагаме на нашите клиенти да се ослободат нивните секојдневни стресови преку пријатниот амбиент, кафето и љубовта во воздухот.
Вредности
• го пласираме квалитетот и прецизната редоследна подготовка на кафето и закуските кои ги нудиме како наш врвен приоритет
• се залагаме да им го подигнеме ведриот дух на нашите клиенти дури и ако е тоа за неколку моменти
• создаваме култура на радост и возбуда
• ги цениме почитта, чесноста и довербата
ИСКУСЕТЕ ГО НАШЕТО
МЕНИ
ИЗДВОЈУВАМЕ
  • Кафе со  TWIX чоколадо
  • Протеинско нескафе
  • Ирско кафе со Jameson
  • Летен “Ќоше” коктел
  • Орео сладолед
  • Свежи сокови “Бомба” 
  • Смути “Fitness”
  • Смути “Good Morning”
  • Протеински шејк “Попај морнарот”
  • Милкшејк “Чоколаден ролеркостер”
  • Милкшејк “Jаготка”
  • “Ќоше” домашен леден чај
Фит нескафе
Чиа пудинг
Кафе со twix чоколадо
Fresh Mix
Солено-слатко задоволство
Леден чај
Протеински шејк
Магично јаболко
ИНСТАЌОШЕ
ЧЕКИРАЈТЕ СЕ ИЛИ ТАГНЕТЕ НЕ СО КРЕАТИВНА ФОТКА, И ОЧЕКУВАЈТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ОВДЕ
ПОСЛЕДНО ОД НАШИОТ
БЛОГ
чајот
24 Jun: Магичниот свет на чаевите
За сите оние на кои ќошкарењето им е омилено во нашето Ќоше, спремивме опис на магичните чаеви кои внимателно и со детално истражување ги избравме за нашето мени.
КОНТАКТ
Адреса
Ул. Херој Карпош бр. 2/А
2400 Струмица
Телефони
Мобилен: +38970666449
Работно време
Понеделник-Петок: 7:30 – 00:00
Сабота: 09:00 – 00:00
Недела: 16:00 – 00:00